Пратеничката на ПДК, Аријана Муслиу-Шоши вчера не отиде сама на работа во Собранието на Косово, објавија косовските медиуми.
Таа на состанокот со делегацијата на Собранието на Косово во Парламентарното собрание на Советот на Европа со себе го донесе и своето бебе кое го роди пред еден месец.
Газета Национале обезбеди фотографии на кои таа го држеше бебето во раце за време на состанокот.
Ова е првпат косовска пратеничка да се види со своето бебе на состанок на парламентарната комисија.

Собранието на Косово е првата институција која ќе има соба за доење.
Ова стана возможно откако шефицата на Групата пратенички, Тинка Курти, ова барање го достави до претседателот и до секретарот на Собранието. Таа информираше дека барањето и е одобрено и дека собата наскоро ќе се функционализира.






