Основниот суд во Пеќ, во врска со случајот со нападот врз Минирие Нура во старскиот дом „Оренда“ во Пеќ, одлучи на трите медицински сестри инволвирани во нападот да им биде одреден притвор од по еден месец, јавува Клан Косово.
Притворените медицински сестри се Аурона Пелај, главен извршител на насилството, како и Алтина Реџепи и Ремзије Куќи, кои ја снимиле страшната случка и не интервенирале.
Притворот обвинетите медицински сестри ќе го поминат во затворот Липјани.
Според снимката која вчера беше објавена на социјалните мрежи, се гледа како медицинската сестра Пелај ја удира со шлаканици и клоци постарата жена додека другите две медицински сестри се смееја и го снимаа целиот настан.
Медицинската сестра-монструм која на својот Фејсбук профил му се извини на семејството на старицата за својата одвратна постапка, истото го стори и нејзиниот татко кој побара од правосудните институции „да постапат согласно законот на Република Косово за кривичните дела кои ѝ се товарат“.

„Здраво, јас се викам Аурона Пелај, полицијата ми дозволи да го напишам ова писмо и јавно да се извинам за тој одвратен гест што го направив вчера. Сите прават грешки. Официјално му се извинувам на семејството и на сите Албанци“, објавила на својот Фејсбук профил медицинската сестра која безмилосно ја тепаше старицата сместена во дом за стари лица во Пеќ.







