Во околу 6:30 часот наутро руските сили го нападнаа северниот дел на Криви Рих. Можни се и нови напади, останете во засолништата во текот на воздушниот аларм, рекол Вилкул.
Лидерот на воената администрација на Криви Рих, Олександар Вилкул на Телеграм објавил дека во градот утрово одекнале експлозии.
„Во околу 6:30 часот наутро окупациско-терористичките сили го нападнаа северниот дел на Криви Рих. Можни се нови напади, останете во засолништата во текот на воздушниот аларм“, порачал Вилкул.
На социјалните мрежи се појавиле снимки на кои се гледа голем црн чад кој се надвил над местото каде се слушаат експлозиите.
Инаку, Криви Рих е родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски.







