Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Али Ахмети и Артан Груби се разделија од врвот на ДУИ

by bulevar_com_mk_4dm1n
2022-10-15
in Uncategorized
Али Ахмети и Артан Груби се разделија од врвот на ДУИ

Нов организациски секретар е градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети. Бунтовниците од „огнената група“ добија и други функции. Незадоволството засега е смирено.

„Расплетот“ во ДУИ на денешниот Централен совет траеше побрзо од она што веројатно се очекуваше – само еден час. Собирот избра нови членови на врвното раководство, во кое веќе го нема Артан Груби како организациски секретар, што претставува една од отстапките на Али Ахмети пред барањата на бунтовниците од „огнената група“. На негово место е избран градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети. Нови четворица потпретседатели се Бајрам Реџепи од Тетово, Изет Меџити од скопски Чаир, Арбр Адеми од Куманово и Арбана Пашоли од Дебар.  За генерален секретар е избран Фатон Амети, а секретар за родова застапеност Саранда Имери.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, изборот на новото партиско централно го објасни со важноста да има регионално претставување за да се постигне инклузивност. Централното претседателство има дури 37 членови.  

Османи објаснуваше дека за отчетноста членовите кои се во извршната власт се зборувало секојдневно.

„Отчетноста е наша постојана задача. Ние отчетност даваме пред сѐ пред вас, пред јавноста и тоа го правиме најредовно можно. Но, се разбира, имаме должност да бидеме отчетни и кон органите на партијата коишто нѐ предложиле“, истакна Османи.

Тој објасни како течела вчерашната координација за денешната седница.„Вчера останавме 6-7 часа и претходно индивидуални средби на Ахмети со сите региони. Така што, ова само зборува за добро подготвен состанок, а не зборува за некаква неактивност на членовите. Тоа што можело да се земе предвид е земено предвид и денеска имаше предлог којшто е консензуален, којшто ги задоволува сите и така ја добива поддршката на сите членови“, рече Османи.

За време на состанокот немаше поголема дебата, а при избор на членови на претседателството, Талат Џафери побара уште еден потпретседател за гостиварскиот огранок. Претседателот Ахмети тоа го стави на гласање, но не доби поддршка, а Османи го оцени како неможно поради статутарни ограничувања.

Османи им порача на другите партии како да земат пример од ДУИ и да учат од неа. „Да бидам нескромен би им кажал на другите партии да земаат малку да учат од ДУИ, од тоа како се прави демократија овде – преку широк консултативен процес, преку можност да се даде право секој да си го каже своето мислење па ако треба и јавно тоа да си го каже, бидејќи на тој начин најдобро институционално се канализира енергијата внатре. ДУИ има лидер којшто може да ја одржи партијата жива, динамична и да ја адаптира на современите околности и има внатрешен капацитет да различните погледи ги става во функција на една синергична активност на партијата за да добие поддршка на избори“, рече Османи.

Околу 120-те членови на Централниот совет на ДУИ во Тетово за нешто повеќе од еден час го завршија состанокот.  Изборот на партиските функционери се направи по предлог на претседателот Али Ахмети кој ги прочита предлозите и ги стави на гласање.

Previous Post

Шекеринска избрана за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС)

Next Post

Огромна трагедија во Турција: Над 40 загинати по експлозија во рудник (Фото)

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Огромна трагедија во Турција: Над 40 загинати по експлозија во рудник (Фото)

Огромна трагедија во Турција: Над 40 загинати по експлозија во рудник (Фото)

Recommended

Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

8 months ago
Приведени тројца разбојници во Скопје, еден од нив малолетник

Приведени тројца разбојници во Скопје, еден од нив малолетник

6 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.