Во текот на изминатото деноноќие (11/12.10.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 869 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден (11.10.) продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени биле вкупно 332 санкции, информираат од МВР.
Најмногу казни биле напишани за пречекорување на дозволената брзина на движење (109 прекршоци), 48 казни се за технички неисправни и нерегистрирани возила, санкционирани се 20 мотоциклисти, а изречени се 37 казни за неносење на заштитна маска.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, се вели во соопштението на МВР.






