Познатата македонска водителка Лила филиповска овие денови е на мета на критиките од своите следбеници на Инстаграм поради својот изглед.
Имено тие преку коментари револтирано и невкусно ја прашуваат водителката зошто носи перики и зошто драстично си го сменила изгледот, а коментар на сето ова имаше нејзиниот добар пријател Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци кои се огласи на својот Инстаграм профил по овој повод:
Зошто мора Лила да ви каже зошто носи перика? Зошто мора да ви каже низ што се помина оваа година, низ пеколот? Зошто мора да ви каже какви здравствени проблеми има? Себични, без чувства, примитивни луѓе, и не го кажувам тоа од злоба, туку од бес – порача Василевски.
https://www.instagram.com/reel/Cjnb52vq0q4/?igshid=YmMyMTA2M2Y=
Василевски додава дека Лила за пеколот низ кој поминала таа самата ќе раскаже за јавноста доколку сака и тогаш кога ќе биде подготвена.
„Дотогаш, приватноста треба да се почитува, без оглед дали се работи за јавна личност“, вели Зоки Фаци.







