Директорот на јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија, Хари Локвенец денеска се обрати пред Европскиот Парламент, каде ги презентираше проектите за изградба на клучни коридори во државата.
Во контекст на енергетска и климатска криза, Локвенец ги потсети европратениците дека целта за декарбонизација на економиите во Европа во 2050 треба да значи фокус врз железничкиот транспорт.
-Единственото превозно средство кое може да ја оствари оваа цел е железничкиот превоз, затоа што е најбрз, најевтин, најкраток начин на конектирање и истовремено се грижи за животната средина, изјави Локвенец.
На сослушувањето во Европскиот Парламент, каде од учесниците само Македонците беа од земја која не е членка на ЕУ, Локвенец порача дека оваа цел ќе се оствари преку изградба на железничкиот Коридор 8, од Албанија преку Северна Македонија до Бугарија.
декада ќе ја заокружиме изградбата на Коридорот 8 на македонска почва, затоа ве замолуваме да ги поддржите нашите стратегии и планови и да го вклучите западниот дел во централната ТЕН-Т мрежа, рече Локвенец.
Шефот на македонски железници им порача на колегите во ЕУ дека земјите во Европа, дали се членки или кандидати, заедно претставуваат „голем железнички мозаик“ и сите треба да бидат третирани еднакво.
-Преку овие активности покажуваме дека не сме само географски дел од Европа, туку дека имаме капацитет и волја да стоиме рамо до рамо со нашите европски пријатели преку учество во спроведувањето на европските стратегии, нагласи Локвенец во својот говор пред Европскиот Парламент во Брисел.






