Михаило Апостолски, SВЕР, SВЕР, SВЕР!
„Кога дојдовме до Пчиња, нѐ пресретна еден бугарски полковник. Се претстави дека е командант на Петтата дивизија.
Го прашавме зошто седат тука, а тој ни одговори дека не можат да ја поминат реката, па чекаат да им донесат материјал за да направат мост, а Пчиња тогаш беше длабока само до колена. Тогаш енергично им реков да ја врати Дивизијата, зошто нам не ни е потребна. Му реков и тоа дека Скопје е веќе ослободено, иако знаев дека таму уште се водат борби. Бев многу лут поради нивните саботажи. Патем слушав како Радио Софија јавува дека нивните војски го ослободиле Велес, а тие не ни видоа како изгледаше Велес кога се водеа борби за негово ослободување“, пишува Апостолски.
И продолжува записот на генералот:
„Потоа дека го ослободиле и Штип, што беше невистина зашто бугарската војска беше 30 киломтери далеку од Штип кога се водеа борби за негово ослободување. На полковникот му го истурив сиот гнев што го имав собрано слушајќи ги вестите на Радио Софија и го вратив назад. …“ ((Михаило Апостолски – “Сеќавања”).






