Тим од 11 лекари по два и пол часа успеале да му ја извадат чаша од ректумот. Како што пренесува DailyMail, мажот бил пијан, а во стомакот му се заглавила чаша со дијаметар од 7 сантиметри бидејќи ја ставил во ректумот.
Ритеш Кумар (22) од Индија итно бил примен во болница со силни болки во стомакот и крварење.
Рентгенските снимки покажале дека чашата е направена од челик и дека му ги блокирала цревата.
д-р. Индра Шехар Кумар, која ја водеше операцијата, рече дека постапката е ризична. На мажот морало да му се отсече дел од цревата и да му се стави посебна кеса (стома) за додека му зараснат раните. Ќе треба повторно да се оперира во јануари.
Пациентот тврди дека бил пијан и не се сеќава што и како се случило.
– Ова е многу редок случај, најмногу се забележува кај психијатриски пациенти или кај оние кои се во алкохолизирана состојба – изјави др. Кумар Ваибхав Шарма, постар жител кој бил дел од тимот на хирурзи, пренесува Hindustan Times.
Тој додаде дека хирурзите ја извадиле чашата низ стомакот на пациентот во 4 часот наутро, неколку часа по неговото примање.
За неколку дена ќе биде пуштен од болница.
Фото: принтскрин 24sata.hr







