Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Фејсбук објави фотограафии од моменталната ситуација во Киев и напиша дека денеска светот уште еднаш го виде лицето на терористичката држава кја сака да го уништи украинскиот народ.
– Денеска цел свет уште еднаш го виде вистинското лице на терористичка држава која го убива нашиот народ. Не само на бојното поле, туку и во мирните градови. Земја која својата вистинска крвава и криминална суштина и цел ја покрива само со разговори за мир. И на сите понуди за вистински мир одговара со ракетни напади. Сето ова само докажува дека ослободувањето на целата наша земја е единствениот темел на мирот и безбедноста за сите Украинци, напиша Зеленски на Фејсбук.
Објавата е достапна на украински и англиски јазик.
Во продолжение фотографиите кои ги објави Зеленски.














