Премиерот Димитар Ковачевски, денеска коментираше по повод отворањето на клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид. Тој кажа дека го осудува отворањето на клуб со тоа име.
„Го осудувам отворањето на клубот со такво име, но тој клуб го имаат отворено македонски граѓани. Така да ако треба да реагираме, тоа треба на македонските граѓани кои живеат во нашата држава и треба да имаат чувство за граѓаните кои имаат резерва кон тоа име. Тоа не се однесува само на овој, туку и на претходни клубови. Како Влада и на политичката партија прво го осудивауме, и тоа е провокација на мала група на луѓе кои не сакаат да имаме добри односи со соседот.
НИе имаме либерален закон за имиња, и сега работиме на нов закон за отворање на клубови. Јас ги повикувам сите пратеници и еврејската заедница да учествуваат во формирање на овој закон“. изјави Ковачевски.






