Украинскиот претседател, Володимир Зеленски го повика НАТО да изврши „превентивни напади“ против Русија за „да се елиминира можноста“ за руски нуклеарен напад.
– Што треба да направи НАТО? Да ја елиминира можноста од употреба на нуклеарно оружје од страна на Русија. Ни требаат превентивни напади, вели Зеленски.
Шефот на рускиот Совет за безбедост, Дмитриј Медведев, на Телеграм напиша дека на “овој идиот” му треба психијатриски третман.
– На овој идиот психијатри треба да му направат превентивна
краниотомија. Се додека не направи повеќе мака за својот народ и за сите други, напиша Медведев.
Краниотомија инаку е хируршко отворање на коскениот череп. Служи како пристапна рута за операции на мозокот и неговите соседни структури. За време на краниотомијата, коскената плоча се подигнува од черепот, така што се создава кружна дупка во горниот дел на черепот.






