NTV, која е во сопственост на руската гасна компанија „Гаспром“, објави застрашувачка репортажа за потенцијалниот армагедон што би се случил доколку Русија употреби нуклеарно оружје, со снимки од „печурки“ кои се креваат по падот на нуклеарната бомба.
Во тој телевизиски прилог Западот е обвинет дека премногу зборува за нуклеарна војна, додека пропагандистите на Путин постојано се закануваат со употреба на оружје за масовно уништување, пренесува Вечерњи лист.
Се наоѓаме во ситуација кога надмоќта во ресурсите и конвенционалното оружје е на страната на Западот – коментира во прилог Василиј Кашин, политички аналитичар од Вишата економска школа во Москва.






