Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на Фејсбук обвини дека државата со децении намерно не вложува во енергетскиот систем.
За споредба Апасиев ја зема Босна која произведува 40% повеќе од споствените потреби на струја.
– За тоа колку душмански е руиниран нашиот електроенергетски систем, кој е граден во СФРЈ, доволно е да знаеме дека Босна (која е разорена од војните во 1990-те) денес произведува 40% повеќе струја од што троши. А ние? Епа, нас ни фалат 50% од потребите за струја, и истите ги увезуваме по енормни цени, оти државата намерно не инвестира во нови капацитети, за да профитираат приватните фирми на политичарите.







