Во денешно време, преживувањето на ден без мобилен телефон изгледа како невозможна мисија, а самото нивно популаризирање носи сосема нови трендови. Ваквото ново истражување покажува дека дури еден од пет корисници на паметни телефони е склон да испраќа сексуално експлицитни пораки и фотографии на својот партнер.

Новиот задругар Адам Лабунски се всели на имотот во Шимановци на 9-ти септември, кога официјално беше отворена новата, шеста сезона на популарното реално шоу “Задруга”.
Адам Лабунски е роден 1991 година. Завршил музичко училиште, а по професија е туристички водич. Љубовта кон музиката ја наследил од татко му, пејачот Ибрo Лабунски, со кој настапувал неколку пати. Инаку, Адам и е веќе познат на домашната јавност, откако првпат се појави на малите екрани пред 7 години, како учесник на музичкиот натпревар „Пинкови ѕвездички“.

Со својот талент и харизма тој веднаш успеа да го освои жирито, а многумина неговото пеење го споредија со легендарниот Тоше Проески.
Потоа, во сезоната 2018/19 се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, но по неколку месеци беше дисквалификуван поради конфликт со друг учесник и ја загуби шансата да стане нова ѕвезда на Гранд.
Пејачот сега е повторно во центарот на вниманието на јавноста, кога стана нов член на “Задруга”. Инаку, Адам е многу активен на социјалните мрежи, а со своите следбеници често споделува фотографии од приватниот живот. Така, во средината на 2019 година медиумите пишуваа за неговата врска со атрактивната Џејла Дачиќ. Фотографиите оставија впечаток дека младиот пејач е во среќна врска, но тој ниту ја потврди ниту ја демантираше информацијата.
На Твитер се појавија голи фотографии на Лабунски кои ги праќал некому








