Во Европската унија од денес е забранета продажбата на цигари со вкус на ментол, после четири години нивно постепено повлекување од пазарот.
Директивата за тутун, усвоена во 2014 година, стапила на сила во 2016 година, но производите со пазарен удел поголем од три отсто, како цигарите со вкус на ментол, биле исклучок до денес.
Директивата за тутун, усвоена во 2014 година, стапила на сила во 2016 година, но производите со пазарен удел поголем од три отсто, како цигарите со вкус на ментол, биле исклучок до денес.
Научните истражувања покажале дека аромите како ментол, ја олеснуваат инхалацијата и можат да ги поттикнат младите да пушат. Тоа исто така создава поголема зависност.
ЕУ била вознемирена бидејќи статистиките покажувале 700.000 случаеви на прерана смрт поради пушењето, паралелно со намалениот број на пушачи во Европа со 40 отсто во 2002 година и 28 отсто во 2012 година.






