По смртта на кралицата Елизабета Втора, на тронот дојде нејзиниот најстар син, кралот Чарлс III. Иако нацијата се уште тагува поради заминувањето на Елизабета, која владееше 70 години, Британците полека ги запознаваат навиките на Чарлс. Британските медиуми известуваа за секојдневниот живот и работата и животното темпо на нивниот нов крал.
Џулијан Пејни, сегашниот претседател за корпоративни работи на Еделман, претходно работел како секретар за комуникации на Чарлс и Камила кога тој сè уште беше „само принц“.
Чарлс никогаш не руча
Открил дека Чарлс никогаш не прави пауза за ручек и појадува овошје и семки и, секако, чај. Овие изјави дојдоа откако се проширија гласини дека Чарлс секое утро јаде јајца приготвени на различен начин.
„Никогаш не сум видел ниту едно варено јајце на појадок во сите години што работев таму“, изјави Џулијан за британските медиуми.
„Кралот не руча, па една од првите лекции што ги научив кога бев на пат со него беше да појадувам голем појадок или да земам неколку енергетски плочки за да изржам“, додава поранешниот соработник на кралот. Домаќинството го води мал, но посветен тим на персонал кој работи за Чарлс со децении.

По појадокот започнуваат работните обврски
Тој го опишал и бурното темпо на просечниот работен ден на кралот и неговите соработници, кој започнува веднаш по појадокот.
„Работниот ден е прилично немилосрден. Започнува со вестите на радиото, поминувајќи низ насловите со појадок со сезонска овошна салата, семки и чај“, рече Џулијан. Еден ден во канцеларијата е многу зафатен – Чарлс одржува 45-минутни состаноци за нови добротворни проекти, претстојна турнеја или дискусија за државни прашања.
Во 13 часот паузира од напорниот распоред, но не за храна, туку за прошетка околу својот дом.

„Кралот не сака да остане предолго во затворен простор и секогаш има ширум отворени прозорци“, вели Пејни.
Со документација се занимава до доцна во ноќта
Првата вистинска пауза следува во 17 часот, кога кралот застанува со своите обврски и пие чај. Потоа „ги полни батериите“, а тоа време често го поминува со сопругата Камила и јадат по некое парче овошна торта или сендвичи.

По пауза, кралот се враќа на своето биро за да се справи со документите, а вечерата е закажана точно во 20:30 часот. Потоа Чарлс се враќа на своето биро во 22 часот и често останува таму и после полноќ.
Освен горенаведениот распоред, дневните планови понекогаш вклучуваат патувања и јавни настани. Џулијан додава дека кралот сака да разговара со луѓе, што често ги нарушува понатамошните планови за тој ден. Чарлс сега се соочува со уште побурна секојдневна рутина во неговата долгоочекувана улога, бидејќи некои настани сега стануваат неопходен дел од неговите кралски должности.






