Интернет хитот Хасбула Магометов (19) потпиша петгодишен договор со УФЦ, пишуваат медиумите.
Хасбула е руски блогер кој минатата година стана хит на социјалните мрежи. Неговата популарност е толку голема што јутјуберот Логан Пол му ја посвети својата борба против Флојд Мејведер на Хасбула. На Инстаграм го следат 3,2 милиони луѓе, а со години е присутен на спектаклите на УФЦ.

Хасбула ќе има специјална задача во УФЦ и нема да се бори. Во неговиот договор стои дека ќе биде присутен на сите UFC настани и настапи меѓу борбите. Ќе заработи повеќе од голем број познати борци. „Хасбула потпиша петгодишен договор со УФЦ. Засега се планирани патувања на настани и медиумски активности“, напиша Игор Лазорин, новинар кој ексклузивно ги следи боречките вештини и потврди дека Хасбула ќе заработи огромни пари.





