На твитер, попладнево беше споделено видео од физичка пресметка помеѓу неколку луѓе на паркинг во скопската населба Ново Лисиче. Неофицијално, според објавата, причината за пресметката е долг.
Твитерџиите на шега коментираат дека настанот се случува на само 200 метри од полициската станица во оваа населбa.






