Во Херцег Нови утрово за кратко време наврнале над 50 литри дожд на метар квадратен, што предизвика поплави во зградите и на јавните површини, како и одрони на сообраќајниците.
Исто така, како последица на обилните врнежи, до поплави дошло и во Стариот град на Будва.
Комуналните служби работат на расчистување на теренот.
Противпожарните служби ја испумпуваат водата од зградата на Шквер и го гаснат пожарот во Зеленица, предизвикан од удар на гром. Гром запалил дрво и во село Пресеја.
Поради обилните врнежи поплавени се и улиците на стариот град во Будва, пишува РТЦГ.
Проблеми настанале и во гаражата на објектот TQ Plaza по обилните врнежи.






