Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

11 најчести женски изговори за избегнување на секс

by admin
2022-09-06
in Uncategorized
11 најчести женски изговори за избегнување на секс

„Главата ќе ми експлодира“, „Жешко ми е“, „Смрзнав“, „Децата спијат, ќе ги разбудиме“, „Децата се будни, ќе нѐ слушнат“… Ретко која жена може искрено да каже дека не е „грешница“ кога станува збор за смислување изговори за избегнување на интимни контакти.

Да, сексот е незаменливо парче во сложувалката наречена „силен љубовен сојуз“, но понекогаш, без разлика на причините, последното нешто кое ни паѓа на памет е секс. Иако не се потребни изговори за да ги отфрлиме предлозите кои не ни се допаѓаат, најчесто ги користиме за да не повредиме нечии чувства, особено кога се работи за чувствата на личност која многу ни значи – нашиот сакан.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Па, кои се класични изговори што жените масовно ги користат за да го одложат сексот со партнерот?

  1. „Ќе ги разбудиме децата.“ Дали ова е ваш изговор дури и кога знаете дека децата се во најцврстата фаза од спиењето и ништо не може да ги разбуди? Кого залажувате? Па, сексот не мора да биде гласен, и самите го знаете тоа.
  2. „Ужасно ме боли главата.“ Овој изговор полека, полека започнува да ја губи својата сила, бидејќи најновите истражувања покажуваат дека сексот всушност може да делува како аналгетик и да ја излечи главоболката.
  3. „Имам менструација/ ПМС.“ Понекогаш жените го користат овој изговор двапати месечно. И секогаш успева.
  4. „Не сум депилирана/ избричена.“ Израснатите влакненца по нозете може да придонесат жената да се чувствува помалку сексапилно, но не ја убиваат машката желба за секс. Повеќето мажи во никој случај нема да ѝ замерат на својата сакана што подзаборавила да го употреби бричот или депилаторот.
  5. „Децата се будни, може да нѐ чујат или да ни влезат.“ Иако не би требало, често децата се причина за постоењето на бракови без секс. Родителите одвреме-навреме мора да изигруваат „криминалци“ и криејќи се да украдат интимни моменти.
  6. „Не сум истуширана/ Не ми се измиени забите.“ Па, што чекате? Потребни се само неколку минути за да се подготвите за незаборавно искуство под чаршафите.
  7. „Се прејадов. Не можам да мрдам“. Кој се чувствува секси на преполн и подуен стомак? Сепак, зошто не гледате на светлата страна. Сексот може да ви помогне да согорите дел од калориите кои ги внесовте со последниот оброк.
  8. „Премногу ми студи“. Одлична причина за да одбиете нешто, но не и доколку тоа има моќ да ве згрее.
  9. „Пекол жешко е, ќе се препотиме.“ И што? Туширањето секогаш е добра опција за разладување за време на тропските горештини. Во такви ситуации можеби најдобро решение е секс под туш.
  10. „Не сум расположена.“ Ништо чудно. Кога милиони мисли ви се вртат во главата, а десетици обврски чекаат на вас, сексот паѓа на дното на листата на приоритети. Сепак, не заборавајте дека сексот всушност може да ви го подобри расположението. Легнете со партнерот еден до друг и обидете се да не мислите на ништо. Контактот кожа-кожа ќе ви ја разгори желбата за физичка интимност.
  11. „Утре мора да станам многу рано.“ Ова е класика меѓу изговорите. Реалноста е дека сексот не одзема многу време. Имате 10 минути на располагање? Значи имате доволно време за секс, а верувајте, следното утро ќе станете со повеќе енергија и насмевка на лицето.
Previous Post

Апасиев ја репетира пушката Берданка: Завршивме со теоретските предавања, сега преминуваме на практична настава.

Next Post

Вегани протестираат низ маркети во Англија, не им дозволуваат на муштериите да купат млеко

admin

admin

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Вегани протестираат низ маркети во Англија, не им дозволуваат на муштериите да купат млеко

Вегани протестираат низ маркети во Англија, не им дозволуваат на муштериите да купат млеко

Recommended

Археолозите се во страв од отворање на језива гробница: „Постојат смртоносни опасности ако влеземе таму“

2 months ago

Рудникот „Тораница“ ќе плати максимална казна – Меџити: Законот мора да се почитува

8 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.