Еден од помалите апостоли, родум од Севастопол. Ученик и подражавател на светите апостоли Јован Богослов и Павле. Иако не е вброен помеѓу седумдесетте апостоли, сепак се нарекува апостол затоа што им беше ученик на големите апостоли и затоа што во евангелската служба покажа вистинска апостолска ревност. Посветен за епископ-мисионер, Евтихиј многу патуваше, имајќи за сопатник Ангел Божји. Во затворот примаше небесен леб од Ангелот. Кога му го стружеа телото со железо, од него течеше крв со необично благоухано миро. Го фрлаа во оган и на ѕверови, а најпосле го убија со меч во Севастопол.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






