Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ист Гејт Мол со соопштение по реакциите: Ова е вистинската причина за поплавата (ВИДЕО)

by bulevar_com_mk_4dm1n
2022-09-01
in Uncategorized
Ист Гејт Мол со соопштение по реакциите: Ова е вистинската причина за поплавата (ВИДЕО)

Изминатото деноноќие на социјалните мрежи беа објавени различни шпекулации за причините за поплавата во Ист Гејт Мол.  Од тоа дека целиот објект не е добро проектиран, дека не се обезбедени безбедносни мерки, па до какви се не други коментари кои не ја отсликуваат вистината.

Една и недвосмислена вистина е дека поплава во Ист Гејт Мол настана поради несоодветна и нефункционална атмосферска канализација на булеварот Александар Македонски. Безбедносните камери од трговскиот центар јасно покажуваат како река од вода како доаѓа од Булеварот, кој ниту има капацитет, ниту услови таа вода да ја апсорбира, и истата се прелева во енормно големи количини во подземните нивоа на центарот.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Ова е проблем кој се повторува веќе  неколку пати на истото место, на истиот нефункционален булевар Александар Македонски, поврзан со кружниот тек кај Континентал, кој и понатаму останува нерешен и прави големи проблеми нa блиската околина во услови на поројни дождови. По големата поплава во 2016 година овие врнежи со силен интензитет и 35мм количество на см2  се втор ваков голем несакан настан во Гази Баба, кој само потврдува дека проблемот со проектираниот капацитет но и одржувањето на атмосферската канализација сеуште постои и за жал не е  приоритет на агендата на надлежните институции.

Од трговскиот центар изјавуваат дека Ист Гејт Мол е изграден согласно одобрените услови за градба, утврдени со урбанистичко планската документација. Како објект од последна генерација, центарот е проектиран и изведен во согласност со планската документација врз основа на која по завршувањето на градбата е издадено решение за негов технички прием. Врз основа на добиените хидротехнички услови за проектирање на трговскиот центар не е предвидено сценарио во кое атмосферската канализација на околните сообраќајници, вклучувајќи го овде и Булеварот Александар Македонски, не се функционални.  Во овој контекст трговскиот центар уште на датумот на поплавата ја информираше јавноста за причините поради кои истата е настаната. За жал и покрај тоа, во услови на страшна временска непогода трговскиот центар не по своја вина е мета на граѓаните на социјалните мрежи.

“Трговскиот центар, согласно усвоените документи за безбедност во услови на елементарна непогода брзо ги превзеде сите неопходни мерки најпрво за заштита на посетителите и вработените и успешно го евакуираше центарот без да се загрози нивното здравје и живот што сметаме дека е најважно во услови на елемтарна непогода. Истата вечер и во текот на вчерашниот ден се вршеше исцрпување на водата и санација на оштетувањата. Искрено се надеваме дека набрзо нашите закупци ќе продолжат со нормална работа, а нашите посетители повторно ќе можат да уживаат во својот центар”, изјави Игор Давков, Извршен Директор на Ист Гејт Мол.

Трговскиот центар е инвестиција од над 120 милиони евра, нема неподмирени јавни давачки и претставува место во кое работат 250 закупци и 2.500 вработени.

Previous Post

Добивме датум за пиво – Пиволенд 2022 од 3-ти до 7-ми септември

Next Post

⚠️ Сметките за парно се поскапени за 37%❗️

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
⚠️ Сметките за парно се поскапени за 37%❗️

⚠️ Сметките за парно се поскапени за 37%❗️

Recommended

Последен поздрав на јутуберите и инфлуенсерите од Кристина, србинката која се самоуби вчера (ВИДЕО)

Последен поздрав на јутуберите и инфлуенсерите од Кристина, србинката која се самоуби вчера (ВИДЕО)

4 years ago
Приведен кумановец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Приведен кумановец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

5 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.