Невремето кое го зафати Скопје попладнево направи многу штета.
Поплавени дворови и подруми, улици полни со вода, паднати дрвја…
Булеварот Гоце Делчев под плоштадот „Скендербег“ беше полн со вода, а едно комби полно со патници останало заглавено во водата, пренесува „тв21“.
За среќа реагирале пожарникари и ги евакуирале патниците.
Поради невремето во Скопје, Град Скопје свика итен состанок на Кризниот штаб на кој ќе се разговара за невремето.






