На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување за упис во прва година во академската 2022/2023 година за кандидатите кои се рангираат само според успехот од средното образование. На Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) идните студенти веќе со часови чекаат во долгите редици за да ги остават своите документи.
Идните студенти нестрпливо чекаат да ги остават документите и да ги започнат студиите, иако некои од нив се веќе нервозни поради долгите редици.
Како и во последниве години, така и оваа, трендот кај младите своите студии да ги запишуваат на ФИНКИ продолжува.






