За Кристијан Ристески, внукот на нашаиот ангел Тоше Проески, се знае дека е музички талентиран, а само еден доказ за тоа е песната „We are blo od“ што ја сними како посвета на Тоше, во 2018 година.
Кристијан Ристески беше во основно училиште кога го загуби вујко му. Денес, Кристијан има 24 години и студираше на Универзитетот ЕСРА.
Кристијан не сака да го споредуваат со вујко му, начинот на пеење и гласот му се сосема различни, а она што е исто е композиторот Енди Рајт од Англија, кој пишуваше за Тоше, а пишува и за Кристијан.
Младиот крушевчанец кој е популарен кај девојките добива одлични коментари за песната на Јутјуб. „Кристијан, имаш преубава боја на глас и браво, браво, браво за песната! На моменти дури и ме потсети на Тоше, тоа значи дека си со тој квалитет и дека си на добар пат“, вели еден од нив.
„Верувам дека дека вујко ми би ми кажал дека песната е многу убава. Најважно е што е во рок стил, кој на него многу му се допаѓаше“, изјави Кристијан во времето кога ја промовираше песната, во 2018 година.
На Фејсбук се појавија слики од Кристијан прегратка со Маринела Кнежиќ. Сликани се во центарот на Скопје и според сликите се гледа дека се многу среќни вљубени. За нивната љубов сведочат и коментарите под оваа слика.




























