Дарја Дугина, ќерката на влијателниот националист и руски филозоф Александар Дугин, е убиена во саботата кога автомобилот со кој патувала експлодирал во московскиот регион, јави руската државна новинска агенција ТАСС, а пренесе Си-Ен-Ен.
Андреј Краснов, шеф на социјалното движење Руски хоризонт и личен познаник на семејството на жената, денеска за ТАСС изјави дека Дугина загинала кога нејзиниот автомобил се запалил по експлозијата.
Кога Дугина „ свртела на автопатот кај селото Болшије Вјаземи, дошло до експлозија, автомобилот веднаш се запалил“, изјави Краснов за ТАСС. Целосно била зафатена од пламен.
„Даша (Дарја) вози друга кола, но таа денеска го возеше неговиот автомобил, а Александар тргна одделно. Според рускиот медиум 112, тие требало да се вратат од настанот во саботата вечерта со истиот автомобил пред Дугин во последен момент да донесе одлука да влезе во друго возило.






