Расте просечната плата. Статистика измери дека во јуни просечната нето исплатена плата пораснала за близу 11% во споредба со истиот месец лани, и сега изнесува речиси 32 илјади денари.
Во споредба со претходниот месец, пак платата пораснала за само 400 денари, но затоа трошоците за живот од месец во месец рушат рекорди. Синдикатите последно пресметаа дека за едно четричлено семејство да го помине месецот му требале 47 илјади денари.
Канал 5 направи пресметка. Колкава плата треба да земате за „достоен“ живот?!
Па така, едно семејство во кое има двајца вработени со минимална плата им недостигаат цели 11 илјади денари само да ги набават неопходните работи за да го поминат месецот. Во подобра ситуација се оние, од кој едниот во семејството е на минималец, а другиот зема просечна плата. На, таа фамилија ќе им останува околу 50 евра во месецот плус, доколку ги набавуваат само основните работи.
Канал 5 направи и споредба на истите податоци со оние од лани истиот период.
Па така, – лани во јуни просечната плата изнесувала близу 29 илјади денари, но трошоците за живот пресметани од Синдикатите изнесувале 34 илјади денари, во тоа време и минималната плата изнесуваше 15 200 денари.
Она што се забележува е дека – лани, на едно четиричлено семјство кое земало една минимална и една просечна плата во месецот им останувале близу 10 илјади денари, а оваа година торбата на македонскиот потрошувач е попразна.
Просечната плата надмина 500 евра, но со истите пари сега може да се купи помалку отколку лани со помала плата.Цените на храната постојано растат, а последното истражување покажува дека во Македонија се јаде и најскап леб во регионот.
Па оттука, за едно четиричлено семејство да го „држи“ истиот просек од лани би требало и двајцата родители поединечно да земаат плус 50 евра на платата која сега ја имаат.
Канал 5





![[ФОТО] Што правеше советникот на Трамп под масата додека имаа состанок? Фотограф го фати на дело, Трамп веднаш му даде отказ](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/05/screenshot-2025-05-02-124931.png)
