Фросина Ташевска Ременски сите ја знаеме како македонски политичар и поранешен министер за труд и социјална политика која веќе неколку години не е на некоја функција.
За политичарите општо познато важи дека станува збор за луѓе во фотеља кои работат фини нешта, но Ременски е сосема нешто поразлично.
За разлика од минатото кога често имавме можност да ја видиме дотерана и скоцкана во елегантни изданија, сега се почесто ја гледаме во кежуал облека.

Ременски изминатиот период преку социјалните мрежи често споделува што прави на природен план. Најчесто тоа е време минато во природата во Малешевијата каде што одгледува со својот сопруг овошје и зеленчук.
Ременски е една од ретките политичари кај нас кој може да се видиме во нива со гумени чизми и работна облека како се занимава со некоја земјоделска работа и тоа не е ништо ново.
Она што го работ, како на нива, така и во кујна, Ременски го документира со фото и потоа го објавува на социјалните мрежи за кои исто така пронаоѓа време.






