Летово донесе голем број хитови од грчкото, хрватското и црногорското крајбрежје, а луѓето на интернет ги обожаваат.
Една фотографија од хрватското крајбрежје повторно го воодушеви регионот. Страницата „Дневна доза на просечен Далматинец“ објави фотка од постар господин кој ужива во плиткото и на народен јазик го прави тоа за сите пари. Фотографијата ја нарекоа „кралот на летото 2022“ и веројатно се во право.

Имено, тој си донел столче кое го ставил во водата, заедно со мала масичка на која има шишиња пиво, ама и мезе.
Коментарите под објавата се интересни колку и самата фотка и ги има доста.
„Топ“, „Тоа се вика живот, кој знае, знае“, „Така и јас, штом појдам на море“, „Прекрасно море, само за уживање и пиво“, „Ова ни фали“, „Паметен човек, се гледа дека земал и две пива… единствено штета е што морето не лади, па да си има гајба до него“…, се само дел од коментарите.







