?? Во пресрет на големиот национален празник Илинден, коњаниците што ќе учествуваат на 44-тиот традиционален коњички марш оваа година.
? На маршот што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, учествуваат 27 коњаници од различна возраст, меѓу кои и една девојка. Тие тргнаа од паркот „Јане Сандански“ во 17:30 часот.
⛪️ Во овој парк градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на коњаниците им го предаде општинското знаме, по што со дефиле низ главните булевари во Аеродром тие се упатија кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, каде што се одржи собир проследен со културно-уметничка програма.
? Како што аеродромци се верни и посветени на одржувањето на овој марш, така и Општина Аеродром секоја година ќе вложува поголеми човечки и финансиски капацитети со цел традицијата никогаш да не згасне. Илинденскиот марш е една од најголемите и најзначајни културни манифестации како за Аеродром, така и за цела Македонија.


Видео:










