Министерството за внатрешни работи на Македонија објави соопштение пред денешниот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Косово кој е закажан за 20.45 часот на арената „Тодор Проески“.
МВР побара навивачките групи да се воздржа и напомена дека нема групно следење на натпреварот.
„МВР во соработка со ФФМ и другите надлежни органи постапи во однос на обезбедување сигурност на учесниците.
Преземени се сите мерки за beзбедноста на фудбалерите од пристигнувањето во Скопје, за време на мечот и по одигрување на натпреварот.
Преземени се и сите потребни мерки за почитување на протоколите за заштита.
Поради тоа не е дозволено присуство на публика на трибините. МВР апелира да не се гледа групно натпреварот, а исто така до навивачите се апелира да се воздржат од инцидenти.
како и употреба на говор на омраза или други нарушувања на јавниот ред и мир, зашто тоа најстрого ќе биде сankционирано“, соопшти МВР.






