Американската научничка д-р Тамита Сков, предвидува дека во текот на дееншниот ден Земјата ќе биде директно погодена од соларна бура.
Според Сков која е научник во Aerospace Corporation и e наградуван научен едукатор, нашата планета ќе биде директно погодена од соларна бура утре. Преку социјалните мрежи таа ја соопшти оваа вест покрај видео модел на предвидување на НАСА.
„Директен погодок, НАСА предвидува дека Земјата ќе биде погодена од соларна бура на 19 јули“, објави таа во твит, додавајќи дека може да се појават пречки во GPS системите.
Со оглед на фактот дека Сонцето сега е во активна фаза на својот 11-годишен соларен циклус, се очекува зголемен број на вакви инциденти. Обично можат да предизвикаат прекини во GPS навигациските системи кои би можеле да сметаат на летови на мали авиони и на бродови, а други причини за загриженост нема.
Со оглед на тоа што температурите во Западна Европа ќе се искачат над 40 степени Целзиусови следната недела, Јужна Европа веќе се бори со ефектите од зголемените летни горештини, за кои научниците велат дека се резултат на промената на климата во светот.
Низ Медитеранот, пожарникарите се борат да ги стават под контрола пожарите, реките пресушија, а илјадници луѓе се евакуирани од своите домови. Досега, повеќе од 230 луѓе починале од ефектите поврзани со жештината во Шпанија и 238 во Португалија, според извештаите на локалните медиуми.
Температурите – резултат на бавното движење на област со висок притисок, што носи врел воздух од Северна Африка – се очекува да продолжат оваа недела и да се движат на север и исток кон Франција, Германија, Белгија и Обединетото Кралство.
Еве пет земји кои ги чувствуваат ефектите од топлотниот бран во Европа.
ПОРТУГАЛИЈА
Пожарите горат во неколку области од минатата недела, со речиси 250 нови пожари пријавени во петокот и саботата, повеќето североисточно од Порто.

Луса во центарот на Португалија во средата достигна рекордни 46,3 степени. Владата објави црвен аларм во 16 од 18-те области на копното со повеќе од сто општини со максимален ризик од рурални пожари. Португалскиот премиер Антонио Коста ја откажа планираната државна посета на Мозамбик со цел да остане и да ги следи пожарите.
„Се соочуваме со речиси невидена ситуација во метеоролошка смисла“, рече во саботата Андре Фернандес, националниот командант за цивилна заштита.







