Собранието на Република Македонија за в четврток во 13:30 ја закажа седницата на која пратениците треба да расправаат за францускиот предлог.
Како што може да се види од информациите на собраниската веб-страница закажана е 81. седница со единствена точка на дневниот ред – Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година.
Претходно, Собранието на Република Македонија за в четврток во 13:00 часот ја закажа и 80. седница на Собранието на која треба да се обрати претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.






