МВР лаже дека блокада на автопатишта е казниво. По Устав се има право да се блокира и протестира каде се сака, без претходни најави, напиша на својот фејсбук-профил адвокатот Јанаки Митровски по соопштението на МВР, во кое се вели дека блокирањето на автопатишта е спротивно на законот.
„Последен пат кога проверив Уставот имаше супремација“, додава тој.
Од вчера, струмичката полиција почна да ги казнува учесниците на блокадата во петокот на патот Струмица-Радовиш како дел од протестоте против францускиот предлог за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Казните се 35 евра за паркирано возило на блокадата и 50 евра за движење на пат.
Жан Дрвошанов од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица информира дека СВР Струмица претходно уредно добила најава за протестот и дозволи да се случи протестот обезбедувајќи го со голем број на униформирани лица.
„Доколку протестот во одредена смисла е незаконски СВР требало да го отфрли барањето и да ги предупреди граѓаните, наместо да ги препознава по снимки и според забележување.
Дали ова казнување по учество на протест на организатор и учесници го има некаде на друго место во светот? Во пријавите пишува – „лицето се движеше по место резервирано само за возила”… Началството на СВР Струмица наместо да се бави со разоткривање на убиства и расчистување на дрогата во градот, мафијашките зделки и меѓународните криминалци тие фингираат прекршочни налози за граѓани кои отишле на протест.
Народот во Струмица не се плаши. Во струмичани живее духот на Делчев, струмичани ги паметат петте струмички студенти, струмичани го памтат ќотекот на земјоделците во Куклиш од СДС. И покрај сите малтетирања пак ќе излезат и ќе си бранат државата, ќе ја бранат нацијата“, се вели во реакцијата на Дрвошанов.





