Коментар на професорката Катерина Колозова на твитер ги вжешти страстите на социјалните мрежи каде таа е предмет на жестоки осуди.
Колозова на социјалната мрежа Твитер тврди дека вчерашниот инцидент во кој повеќе луѓе вперија пиштоли во демонстрантите против Бугаризација бил предизвикан од Македонци кои со намера да провоцираат влегле во ,,албанско маало”.
Според Колозова Македонците имале јасна намера да провоцираат, а биле предводени од националисти.








