Илјадници граѓани, меѓу кои и јавни личности, новинари, професори и претставници на здруженија вечерва 04.07.2022 ја повикаа Владата да не го потпишува францускиот предлог со порака „Од Македонија нема да откажеме никогаш и под никакви услови“. Вчерашниот протест го одбележа фотографија на жена која плаче пред кордонот на полицијата.

Врие Македонецот, ова е премногу што ни се случува и народот веќе не може да трпи такво политичко предавство, рече лидерот на Левица, Димитар Апасиев во изјава за Канал 5 телевизија, пред Собранието на Република Македонија.

Уште еднаш апел: ДОЈДЕТЕ ВО ШТО ПОГОЛЕМ БРОЈ УТРЕ ПРЕД ВЛАДА КОГА СЕ НОСИ ОВОЈ КВИСЛИНШКИ ПРОТОКОЛ, со кој ние се обезмакедончуваме, стануваме Курди. Не дозволувајте за вас да одлучуваат корумпирани политичари, рече Апасиев.







