Фејсбук статус на Сашо Тасевски:
Го читам бугарскиот протокол за бугаризација на Македонците.
Шовинизам со европско знаменце.
Го потпишавте СДСМ?
Сериозно?
И тој е за вас добар?
Најодвратното нешто што го имам прочитано. Бугарски политички памфлет, антимакедонски, негаторски, полн со уцени и закани кон Македонците. Полн со омраза кон нас.
Сакаат едвај 3000 Бугари во нашиот устав а ни забрануваат да зборуваме за стотиците илјади Македонци во Бугарија кои не признаваат дека ги има.
Тоа им било мешање во нивните внатрешни работи.
А нивните уцени кон нас тоа не се!
Бараат ако пишуваме за нив книги или филмови да бидат прикажани во божествено светло, инаку да нема пари за снимање и авторите да се гонат за говор на омраза.
Бараат да им се извиниме за некои злостори од Тито кои само тие ги гледаат.
Ние да им се извиниме?
После сите злосторства што ни го сторија од 1941 до 1945?
Нема да смееме да зуцнеме ништо против нив на фејсбук, јутјуб, било каде. Веднаш ќе не гонат за говор на омраза.
Тоа е нивното сфаќање на европските вредности.
Вие од СДСМ сте стварно ненормални.
Ќе одговарате.
Ќе си лежите за велепредавство.
Нема мир додека не заминете од власт.
Денес ви се случи народ, утре цунами.
Ќе ве збришеме бе.
Предавници.







