Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски смета дека францускиот предлог е штетен.
Тој преку социјалните мрежи посочува дека од билатерален ќе се трансформира во мултилатерален проблем со кој еден ден ќе се соочат нашите внуци и правнуци.
-Лидерството значи да мислиш и работиш за националните и државниинтереси, не да го уриваш и подгазуваш тоа што предците ти го оставиле.Тоа што не го постигнаа во минатото со оружје во балканските, првата ивтората светска војна, денеска се обидуваат по дипломатски пат да го постигнат со власт која за жал по сите досегашни постапки повеќе не гозастапува нашиот национален и државен интерес. Македонскиот народ и ситеграѓани на Македонија како и многупати до сега низ историјата ќе гонадминат и овој предизвик и сите заедно ќе излеземе посилни ипообединети ЗА НАША МАКЕДОНИЈА. Македонецот опевал и ќе опејувамногупати за јунаштво и подвиг но исто така и за предавство исамопонижување… Вие самите од власта изберете си ја песната, јасмојата многу одамна ја избрав. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОБЕДИ!” пишува
Димитриевски.







