Во 19.00 часот денеска пред Владата на Република Македонија започна граѓански протест, кој нема официјален организатор.
Со протестот се изразува револт кон францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија и отпочнување на пристапните преговори на Македонија за влез во Европската Унија.

Францускиот предлог пред неколку денови беше објавен во бугарските медиуми, со кој се предвидува немешање на Македонија во внатрешните работи на Бугарија, што во Бугарија се толкува како откажување од македонското малцинство таму. Предлогот предвидува одредени историски личности да се слават како заеднички, македонскиот јазик си доби бројче 2 во името, а се бара и промена на името на Самоиловата тврдина во Охрид и внесување на Бугарите во македонскиот Устав.






