Револтирачки статус на комичарот Бојан Велески кој е тотално во право :
Ај нека си потрепка малу овде статусчево!Петар Грашо дојде лапна “мал миљон” евра, си ојде.Курлеуша дојде и она си лапна миљонче.Владо Георгиев дојде, си го наполни торбичето, си ојде.Ќорава инспекција не помина да затвори У МОМЕНТОТ све од ова што го набројав. Ќорава мерка не е испоштована и сеа ОП, чекајте малу другари – дај да ги затвараме кафиЌите. КАКО БЕ ТАКА?!?! За вашата неспособност и затворени очи сега цела угостителска фела да трпи?!!?До кога со бајките за правна држава. Бајки се изначитавме по посраните ВИ програми за избори. Бајки се изнагледавме по нарачаните ВИ вести! Доста е!Зошто јас да ограничувам влез на публика до 60 карти, а можам наеднаш да соберам 200? Зошто јас да одам два пати за Штип и два пати да плаќам патни трошоци, а ГРАШО, КУРЛЕУША И ВЛАДЕТА да си го прчат овде како сакаат?!?!ДАЛИ НАС ТАМУ НЕКОЈ НЕ’ ТРЕТИРА ВАКА?! ИЛИ НЕ НЕ’ ФЕРМААТ 2%?!?!И не ми вртете ВМРО/СДС муабети ве молам. И на двете мислам кога зборам за програми, правни држави и бајки по вести. Не иде така другари.






