На 2 јуни во прилепската полиција Г.Ј. (48) од Прилеп пријавил дека во амбулантата за спортска медицина лоцирана во Центарот за јавно здравје Прилеп, тој бил физички нападнат од В.Д. и И.С., вработени во болницата.
На 3 јуни К.С. (47), директорка на ЈЗУ Општа болница Прилеп пријавила дека додека во Одделот за спортска медицина надлежна комисија на болницата требала да го дислоцира стрес-тест апаратот, настанала физичка пресметка предизвикана од докторот Г.Ј. кој бил против одлуката за дислокација на апаратот и ги спречувал службените лица во вршење службено дејство.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот и по целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.






