Од ДУИ не одговараат на прашањата на повеќе медиуми за тоа колку ќе чини прославата за нивниот 20 роденден.
Снимени се спотови, скопската населба Чаир е украсена во боите на партијата, најавени се две големи приредби во Скопје и Тетово (денеска и утре) со музички ѕвезди од Македонија, Албанија и Косово. На социјалните мрежи кружат неофицијални информации дека ангажираните пејачи ќе добијат хонорари од 4.000 до 8.000 евра. Двата концерта најавени за 3 и 4 јуни се зборува дека ќе ја чинат ДУИ околу 100.000 евра.
Граѓаните по социјалните мрежи ја потсетуваат партијата на нивната „зелена агенда“ и на нивните потреби за почисти општини, за корпи за ѓубре, паркови, градинки…, а не за журки од стотина илјади евра.






