Малата Скопјанка Катја која има 9 години, по повод роденденот на нашиот револуционер Гоце Делчев, 4 февруари, самоиницијативно креирала постер преку се обидела да го долови значењето на ,,Даскалот” за современите Македонци.
,,Решив на денот на одбележувањето на неговата смрт да го споделам тука, затоа што сум убеден дека новите генерации се оние со кои треба безрезервно и несебично да работиме за да го сочуваат наследството што го остави Гоце и редица дејци за Македонија. Со оваа наставна програма според која сега се изучува Историја, на вистински пат сме да си ги самоуништиме корените”, пишува нејзиниот татко кој на денот на загинувањето на Делчев го објавува постерот апелирајќи сите да дадат се од себе за да се зачува македонското историско наследство.
Постерот содржи релативно малку информации за Делчев но доволно за да се испрати порака дека треба да се почитува делото на тие што загинале за независна Македонија во која ние живееме.






