„Газпром“ ја сопира доставата на гас во Бугарија, а со тоа и на Македонија, имајќи во предвид дека нашата економија влечеше количини на гас преку конекторот кој во 2014. година беше направен во Клечовце, а го отвори тогашниот премиер Никола Груевски.
На оваа гасоводна цевка, конектори имаат Македонија и Србија.
Денес, како што соопштуваат бугарските медиуми, „Булгаргаз“ добил известување дека доставата на природен гас од „Газпром Експорт“ ќе бидат запрени, заклучно од 27. април 2022. година.
Бугарската страна, пренесуваат тамошните медиуми ги има исполнето сите должности и ги има извршено сите плаќања кои произлегуваат од набавката на гас според склучените договори, и тоа, согласно со сите клаузули потпишани со „Газпром“.






