Барањата се едноставни, да се израмнат платите согласно минималната плата донесена од страна на Владата, вели Стефчо Негриески, од конфедерација на слободни синдикати во гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа.
Негриески додаде дека во државната администрација има луѓе кои што имаат работен стаж повеќе од 25 години но се уште се под прагот на минималната плата, додавајќи дека еден референт со средно образование зема поголема плата од факултетски образовен службеник.
-Во државната администрација каде што сум и јас синдикален претставник има луѓе кои што имаат 20, 25 години стаж кои што веќе останаа испод овој праг на минимална плата, рече тој.
Дојдовме во ситуација еден референт кој што има завршено средно образование денеска со овие последните измени на кои што им се додели зголемување на плата само на тие кои што беа под прагот на минимална плата, да земаат повисока плата од факултетски образование луѓе кои што денеска се вработуваат во државна администрација. Тоа е недозволиво, прво е надвор од материјалниот закон за административни службеници каде што е точно пропишано како се зголемува плата на администрација, буквално законот е ставен адакта бидејќи согласно член 88 од законот за административни службеници значи платат се зголемува со вредноста на бодот и тоа го носи владата со проста одлуката. Ништо повеќе, и барањата се во таа насока, да се усогласат платите согласно порастот на минимална плата, истакна Негриески.






