СОНК (Самостојниот синдикат за образование, наука и култура) на денешната прес-конференција најави продолжување на генералениот штрајк на своето членство во градинките, основното и средното образование поради нивните барања за усогласување на платите во просветниот сектор со минималната плата.
„До овој момент немаме вземен договор со ресорните министри околу нашите барања, очекуваме потврда за средба во попладневните часови, но конкретни информации засега нема ништо. Нашето очекување е дека во интерес на децата во училиштата и колегите кои штрајкуваат, Владата ќе изнајде сили да направи напори да ги усогласи нашите побарувања на СОНК во однос на усогласување на минималната плата на национално ниво. И секако очекуваме договор на динамика за усогласување на платите во образованието во текот на оваа година и годините што ќе следат“ изјави претеседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска во своето обраќање до јавноста.
Неделков додаде дека засега останува штрајкот на просветните работници во сила, појаснувајќи дека денес попладне и утре јавноста ќе биде информирана за напредокот на разговорите со Владата.






