Министерството за економија препорача ограничувањето на купување на неколку шишиња без можност за купување на цели пакети. Доколку препораката не даде резултати – во вторник ресорното министерство одлука ќе достави и до Влада.
Според надлежните причината за ваквиот чекор е значителниот пораст на побарувачката поради која се нарушува редовното снабдување и со цел да се избегне непотребен недостиг на масло за јадење.
Постои сомнеж дека маслото кое се купувало во големи количини од страна на поединци било препродавано во но и надвор од државава по повисоки цени. А на социјалните мрежи изминативе денови се забележаа и фотографии од маркети на кои одредени граѓани гупуваа и по 30 и повеќе литри зејтин.
Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека масло за јадење по маркетите нема. Дел од нив сметаат дека причината е токму правењето на домашни залихи, дел пак прстот го вперија кај самите трговци. Производители на масло за јадење во земјава досега неколкупати повторија, масло и залихи има, но побарувачката е зголемена.
Колку мерката ќе се почитува ќе утврдува Државниот пазарен инспекторат. Надлежните со порака до маркетите доколку некој побара да купи поголема количина на зејтин веднашп да биде пријавен во пазарен. Инспкторите се веќе на терен и вршат контроли. Мерката ќе трае до 31 мај.






