Откако беа избрусени и шахтите на кои го имаше Сонцето од Вергина, денеска беа додадени метални табли на спомениците на мостот Око во Скопје со содржина која сите овие ликови ги препишува на грчката историја.
„Утрово на Мостот Око пред секоја фигура која е дел од античката (македонската) историја во центарот на Скопје осамнаа метални табли со содржина која сите овие ликови ги препишува на грчката историја“, стои во опис на фотографиите објавени на Фејсбук групата „Предавниците на Македонија“.
Еве што им порача Апасиев:
Јаничари, нема долго да ви траат ТАБЛИВЕ 😉 https://t.co/Pz9NfBEQ7q
— Апасиев (@apasiev) October 5, 2020






