Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ФОТО: Леталото во близина на Арачиново било бела боја, а полицијата сеуште во нивите кај Бујковци не нашла никакво урнато летало

by bulevar_com_mk_4dm1n
2022-04-01
in Uncategorized
ФОТО: Леталото во близина на Арачиново било бела боја, а полицијата сеуште во нивите кај Бујковци не нашла никакво урнато летало

По добиените информации од жители на скопското село Бујковци дека попладнето виделе непознато летало во низок лет, кое најверојатно се урнало, од МВР за Канал 5 велат дека постапиле по дојавата и испратиле полициски екипи на местото, но тие не нашле никакво летало.

Во меѓувреме, од МВР контактирале со Агенцијата за цивилно воздухопловство и во други релевантни институции, од каде исто така не добиле потврда за какво било летало во тој реон во тоа време.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Очевидци од Бујковци за Телма изјавиле дека виделе „бело летало кое летало многу ниско и за кое претпоставувале дека потоа се урнало.

На новинарите не ми беше дозволено да се доближат до реонот кој го пребаруваше полицијата.

Како што јавува Канал5, според неофицијални информации очевидци виделе бело летало кое леталео многу ниско и се сомневале дека подоцна паднало.

Некои шпекулации велат дека е можно и да паднал дрон како оној во близина на Загреб,но од МВР велат дека ниту од цивилната пловидба ниту од другите надлежни служби веста дека имало пад на некакво летало, не е потврдена.

Полициски екипи вечерва се во околината на селото Бујковци, каде жителите пријавиле дека виделе непознато летало со бела боја, кое летало многу ниско над нивите околу селото и претпоставувале дека се урнало, објави Телма.

На новинарските екипи не им е дозволен пристапот до местото кое го обезбедува полицијата и врши увид.

Според првичните информации, жителите на Бујковци, кое се наоѓа во непосредна близина на рафинеријата „Окта“ и Скопскиот аеродром, тврделе дека се работи за беспилотно летало, односно дрон.

Се работи за летало кое не е пријавено во Агенцијата за цивилно воздухопловство – во моментот на пријавување на инцидентот, според информациите на Телма, немало ниту еден пријавено летало во воздух на територија на цела Македонија.

Исто така немало пријавени информации за дронови, особено поради тоа што во реонот околу аеродромот е забрането летање со беспилотни дронови.

Сите авиони од редовните авиолинии се слетани на аеродромот Скопје без никаков проблем, велат од АЦВ за Телма.

Поради реновирање на пистата, поголем дел од слетувањата се одвиваат во доцните попладневни и ноќни часови.

Веста за наводен пад на воздухоплов ја пријавиле локалните жители на селото Бујковци, а пријавата ја упатиле до МВР, додека слични јавувања имало и во Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Извори од МВР потврдуваат дека по пријавата, и нивни претставници го проверувале атарот на селото, но не нашле ништо.

Поради дождот, облаците и веќе спуштената ноќ, не е возможна воздушна проверка на теренот со хеликоптери.

Засега нема официјално известување дали нешто е откриено и за што станува збор. Извор Слободенпечат.

Previous Post

„За Цар Самоил работата е завршена!“

Next Post

Девојче од Скопје стана хит откако се маскираше во Констракта (ФОТО)

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Девојче од Скопје стана хит откако се маскираше во Констракта (ФОТО)

Девојче од Скопје стана хит откако се маскираше во Констракта (ФОТО)

Recommended

Русија пред нykлeapнa xaвapија: Иcклучен руски нykлeaрен реактор, испуштал пареа

Русија пред нykлeapнa xaвapија: Иcклучен руски нykлeaрен реактор, испуштал пареа

4 years ago

Корча – „Малиот Париз“ со урбанистички план од 1849 година

3 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.